ФСБ: Падот на А321 е терористички чин

Руските безбедносни служби соопштија дека експлозија на бомба е причината за падот на рускиот патнички авион А 321 над Синајскиот полуостров. Владимир Путин вети дека ќе ги најде и „казни“ терористите „на секоја точка од планетата“.

Првиот човек на ФСБ Александар Бортников го извести претседателот дека причина за падот на рускиот патнички авион „Ербас“ А321 на „Колимавиа“ над Синајскиот полуостров е терористички напад. „Во авионот А321 во текот на летот се активирала рачно направена експлозивна направа со моќност еквивалентна на еден килограм тротил“, изјави тој. Според неговите зборови, на остатоците од авионот се откриени траги од материи од странско производство.

Рускиот претседател од своја страна вети дека по терористите што ја предизвикале експлозијата ќе се бара насекаде, „каде и да се скриле“. „Убиството на нашите луѓе во Синај спаѓа во редот на најкрвавите според бројот на жртви злосторства. И ние нема да ги бришеме солзите од нашите души и срца. Но тоа нема да не спречи да ги најдеме и казниме злосторниците. (…) Ќе ги најдеме на секоја точка од планетата и ќе ги казниме“, изјави шефот на руската држава на состанокот во Крем.

Рускиот авион на компанијата „Когалимавиа“ леташе на од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург на 31 октомври. Во авионот се наоѓаа 224 луѓе. Сите загинаа.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.