Путин: Русија може да ѝ овозможи на Украина одложено плаќање на долгот

Русија е подготвена да ѝ овозможи на Украина да не го исплати долгот оваа година, туку во периодот од 2016 до 2018 година да враќа по 1 милијарда долари годишни, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Русија е подготвена да ѝ овозможи на Украина да не го исплати долгот оваа година, туку во периодот од 2016 до 2018 година да враќа по 1 милијарда долари годишно, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Според зборовите на Путин, партнерите во ММФ ја убедуваат Русија да се согласи на реструктуризација на украинскиот долг и да го одложи плаќањето за догодина, пренесува РИА „Новости”.

Рускиот претседател истакна дека Русија му укажала на ММФ дека долгот на Украина од 3 милијарди долари не е приватен, туку државен долг, како и дека на Киев му понудила подобра варијанта од реструктуризација на долгот.

Русија исто така барала до крајот на декември САД, ЕУ или познатите банки да дадат гаранции дека Украина ќе го врати кредитот, соопшти претседателот на РФ.  

Русија разговарала за ова со директорката на ММФ Кристин Лагард. Таа го дочекала предлогот со интерес. Деталите ќе бидат разгледани во најскоро време, соопшти Путин. Тој додаде дека Русија е подготвена со партнерите во ММФ да ги подели ризиците во врска со враќањето на украинскиот долг.  

Претседателот на Русија имаше во неделата, 15 ноември, состанок со директорката на ММФ Кристин Лагард.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.