Пред Олимпијадата во Сочи бил спречен терористички напад

Заменик-министерот за надворешни работи на РФ Олег Сиромолотов изјави дека пред Олимпијадата во Сочи бил спречен терористички напад.

Пред Олимпијадата во Сочи беше спречен терористички напад, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија за антитероризам Олег Сиромолотов, зборувајќи во Советот на Федерацијата, пренесува ТАСС.

„Во периодот на подготовката на Олимпијадата во Сочи првиот пат се собраа безбедносни служби од разни земји во светот, а последен пат – непосредно пред Олимпијадата. На тој последен форум учествуваа 82 безбедносни служби од 62 земји. Сите работеа на безбедноста на Олимпијадата во Сочи“, рече Сиромолотов.   

„Имаше сериозни терористички закани, една од нив се однесуваше на можен терористички напад со учество на авион. Проверката се вршеше во четири земји од страна на пет безбедносни служби. Пред Олимпијадата сите тие лица во Австрија и во Франција беа приведени.

„Жените-самоубијци кои беа во Франција веќе имаа шеми каде да ги стават експлозивните направи. Ако се сеќавате, пред Олимпијадата почнаа да ги одземаат кремите во авионите. Кај нив експлозивната направа беше во крема за раце, а микродетонаторот го донеле од Сирија, односно тоа беше сосема реално“, рече заменик-министерот.  

XXII Зимски олимписки игри се одржаа во Сочи од 7 до 23 февруари 2014 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња