Египетските пирамиди обоени во боите на Русија, Франција и Либан

Египетските пирамиди беа осветлени во неделата, 15 ноември, во боите на знамињата на Русија, Франција и Либан.

Египетските пирамиди беа осветлени во неделата, 15 ноември, во боите на знамињата на Русија, Франција и Либан во знак на солидарност со овие земји кои загубија свои граѓани како резултат на терористички напади и авионската несреќа, пишува „Лента.ру“.

Настанот започна во 22:30 по локално време на платото во Гиза, во подножјето на пирамидите. На пирамидите, покрај знамињата, се појавија и натписи за солидарноста на Египет со Русија, Франција и либан на руски, француски и арапски јазик.

Министерот за туризам на Египет Хишам Заазу истакна дека акцијата се спроведува „во знак на солидарност со сите народи во светот кои страдаат од тероризмот, вклучително и на Франција и Либан, како и на Русија, во спомен на жртвите во трагичната катастрофа“.

Министерот за антиквитети на Египет Мамдух ад-Дамати објасни дека Египќаните на тој начин му покажуваат на целото човештво дека се залагаат против тероризам. „Ние многупати повторивме дека сме единствени со целиот свет во борбата со теророт кој не прави разлика меѓу религија и националност и кој самиот нема религија и татковина“, истакна тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња