Директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека САД треба да бидат подготвени да ѝ помогнат на Русија во запирањето на приливот на екстремисти.
Тој исто така изјави дека во Сирија и Ирак пристигнале 2-3 илјади руски државјани за да ги поддржат терористите. „Над 2000, а можеби и 3000 руски државјани од Кавказот (од Дагестан, Чеченија и другите региони) отидоа во Сирија и Ирак“, изјави Бренан на форумот за безбедност во Вашингтон, пренесува „Взгљад”.
Директорот на ЦИА истакна дека во последно време „неколку пати со своите руски колеги“ ја разгледувале актуелната ситуација и прашањето „како заеднички можеме да го запреме овој прилив на луѓе“.
Форумот се одржува во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче