Претседателот на РФ Владимир Путин изјави во средата дека Русија не се впушта во трка за вооружување; според неговите зборови, потребно е едноставно да се надомести испуштеното од претходните години, пренесува ТАСС.
„Многупати кажав и ќе повторам уште еднаш: ние немаме намера да се впуштаме во некаква трка за вооружување, а уште повеќе да стигнеме некого и да претекнеме. Ние едноставно треба да го надоместиме испуштеното при крајот на 1990-2000-те години, кога вооружените сили, а и самите претпријатија од одбранбено-индустрискиот комплекс хронично беа недоволно финансирани, и пред сѐ беа скратени програмите за обнова на техничкото вооружување и на силите, и на претпријатијата од одбраната“, изјави Путин на состанокот со раководителите на одбранбено-индустрискиот комплекс и генералните конструктори.
Според неговите зборови, на состанокот ќе бидат дефинирани мерките кои ќе ја зголемат ефективноста на соработката на Министерството за одбрана и претпријатијата од одбранбено-индустрискиот комплекс.
„Создавањето современа армија, опремена со современо вооружување и воена техника остануваат, се разбира, еден од приоритетите на воената изградба. Искрено, секогаш така и било. Нашата задача е да ги реализираме сите предвидени планови“, изјави Путин.
Новото оружје се експлоатира интензивно, рече претседателот на РФ.
„Во 2015 година војската доби за една четвртина повеќе нови и модернизирани примероци на вооружување отколку во 2014 година. Важно е што современото вооружување што го добиваме се користи интензивно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче