Путин наложи формирање здружен систем за ПВО на Кавказот

Соодветниот указ на рускиот лидер е објавен на официјалниот портал за правна информација на Кремљ.

Претседателот на Русија Владимир Путин наложи да се потпише спогодбата меѓу РФ и Ерменија за формирање здружен регионален систем за ПВО во Кавкаскиот регион на колективна безбедност. Соодветниот указ на рускиот лидер е објавен во средата на официјалниот портал за правна информација на Кремљ, пренесува ТАСС.

„Да се усвои предлогот на владата на РФ за потпишување Спогодба меѓу РФ и Република Ерменија за формирање Здружен регионален систем за противвоздушна одбрана во Кавкаскиот регион на колективна безбедност. Да се наложи на Министерството за одбрана да одржи со МНР Русија преговори со ерменската страна и по постигнувањето договор да се потпише во име на РФ наведената Спогодба, со дозвола за внесување во неговиот проект измени, одобрени од владата, кои не се од принципиелен карактер“.

Како што претходно беше истакнато од страна на Координативниот комитет за ПВО при Советот на министри за одбрана на ЗНД, „во однос на Здружениот систем за ПВО на земјите-членки на ЗНД, приоритетен правец за развој претставува понатамошната интеграција според регионален принцип, т.е. формирање одделни или здружени регионални системи на ПВО во Источноевропскиот, Кавкаскиот и Централно-азискиот регион на колективна безбедност“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња