Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ (МГУ) го зазеде 65 место на листата на најдобри универзитети во светот според рејтингот на „Високо образование на Тајмс“ (Times Higher Education 2015-2016) во областа „Инженеринг и технологии“.
„Ова е многу важно почесно место, затоа што московскиот универзитет е класичен универзитет. Се разбира, ние работиме на полето на инженерингот и технологиите, но во основа се занимаваме со фундаментални задачи. Сепак влеговме меѓу најдобрите универзитети на светот“, изјави ректорот на МГУ академик Виктор Садовничи, пренесува „Интерфакс“.
Резултатите од рејтингот се објавени на официјалниот сајт на „Високо образование на Тајмс“. Останатите руски универзитети не се најдоа меѓу првите 100.
Рејтингот се прави врз основа на 13 показатели, групирани во пет категории: образование, научно-истражувачка работа, цитираност, интернационализација и иновации. Притоа се користат уникатни коефициенти за секоја од категориите на рејтингот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче