Важечките правила на ММФ забрануваат кредитирање на земји кои имаат несервисиран долг спрема официјални кредитори. Меѓутоа, фондот има намера да ги измени тие правила. На пример, земјата-заемопримач, дури и да се наоѓа во дифолт, ќе има можност да продолжи да добива пари од ММФ доколку се однесува совесно и ги продолжува конструктивните преговори со земјата-кредитор со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение.
Русија може да ја оспори подготвеноста на Украина за конструктивни преговори, пишува агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на свои извори, а пренесува „Взгљад“.
Земјите-заемопримачи, поаѓајќи од општите правила, треба исто така да му покажат на ММФ дека за да можат да продолжат да добиваат кредити, нивната задолженост е стабилна. Москва може да одбие да потврди дека Украина е способна да го сервисира долгот спрема Русија.
Москва засега нема донесено одлука во однос на стратегијата на своите активности во однос на ова прашање во ММФ.
САД и останатите западни земји, имајќи мнозинство во ММФ, во секој случај можат да ја спроведат одлуката која ним им одговара преку извршниот совет на фондот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.