Египет го одобри учеството на американското ФБИ и други експерти од САД во истрагата за падот на рускиот авион А321, изјави во интервју за „Си-Ен-Ен“ во вторникот египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Според неговите зборови, египетската страна добила предлог од Американците за учество во истрагата и го одобрила.
Телевизијата соопшти, повикувајќи се на американски функционер, дека националниот совет за безбедност на транспортот на САД веќе добил барање од Египет за вклучување на тим експерти за мотори.
Според информациите на изворот, за да може американската институција да собере експертски тим, таа очекува од Египет детална информација за моторите на авионот кои биле произведени од американската компанија „Прат и Витни“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче