Мнозинството граѓани на РФ (69%) смета дека за последните 15 години јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемил, додека спротивно мислење има секој десетти граѓанин (9%), изјавија за „Интерфакс“ од „Левада-центарот“.
Секој петти (19%) смета дека нема измени на тој план, покажа анкетата спроведена од 18 до 21 септември врз 800 испитаници во 134 населени места во 46 региони на РФ.
48% од испитаниците изјавиле дека сакаат да бидат наемни работници и да добиваат стабилна плата, а 37% претпочитаат да бидат сопственици на свои фирми и да имаат сопствен бизнис. Не биле сигурни во одговорот 15% од испитаниците.
Работењето на малиот и средниот бизнис, според мислењето на 62% Руси во целост е во полза на земјата. 18% од анкетираните изјавиле дека таквиот бизнис ѝ нанесува штета на земјата, а не биле сигурни 20%.
При оценката за работењето на големите руски бизнисмени и претприемачи учесниците во анкетата се поделени со мислењата: 47% сметаат дека нивната работа е во полза на Русија, 33% мислат дека тоа е на штета на државата. Не биле сигурни во одговорот 19% испитаници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче