Во односите меѓу Русија и САД се насобраа голем број нерешени прашања, а постојните канали за комуникација не се доволни за нивно решавање, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во интервју за сајтот на весникот „Комсомолскаја правда".
„Тие (САД) станаа заложници на сопствениот измислен модел: од една страна, псевдоизолација на Русија, која тие силно сакаа да ја реализираат и која, совршено очигледно, не успеа. Од друга страна, тие унилатерално ја замрзнаа соработката во сите правци, оставајќи, во суштина, само еден канал – соработката со МНР“, соопшти Захарова.
„Сега прашањата кои бараат решенија има огромен број, а каналите, по кои порано се решаваа, ги нема“, потенцираше портпаролот на МНР.
Според мислењето на Захарова, Вашингтон веќе почнува да ја сфаќа безизлезноста на таквата стратегија. „Невозможно е да се зборува за изолација на земјата која самиот ја признаваш за најголем фактор во цела низа меѓународни прашања“, потенцираше Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче