Украина ќе купува руски гас само по прифатлива цена

Претходно претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека Украина го намалила обемот на набавка на руски гас за четири пати.

„Нафтогас на Украина“ ќе купува руски гас само во случај на поволна пазарна конјунктура и по потреба, изјави првиот човек на компанијата Андреј Коболев, пренесува ТАСС.

„Ќе купуваме руски гас само по потреба. Ако ни треба – ќе купуваме, ако не ни треба – нема да купуваме. Ако сметаме дека цената ќе се намалува, тогаш зошто да го купуваме сега она што по една недела ќе биде поевтино?“, ги цитира збороците на Коболев агенцијата „УНИАН“.

Претходно претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер соопшти дека Украина купува четири пати помало количество руски гас.

„Украина ги скрати обемите на купување руски гас поради финансискиот дефицит на „Нафтогас на Украина“ во споредба со почетокот на месецот за четири пати – до 10 милиони метри кубни на ден. На тој начин Украина има гас само уште за четири дена, до сабота, 14 ноември“, изјави Милер.  

Цената на рускиот гас за Украина во четвртиот квартал на 2015 година изнесуваше 227,5 долари за 1 илјада метри кубни.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.