Сергеј Иванов: Летови за Египет ќе нема најмалку неколку месеци

Шефот на кабинетот на претседателот на РФ Сергеј Иванов исто така укажа дека системот за безбедност треба да се менува „во местата каде летаат руски авиони“.

Шефот на кабинетот на претседателот на РФ Сергеј Иванов изјави дека авионскиот сообраќај меѓу РФ и Египет е запрен на подолго време – најмалку неколку месеци, пренесува РИА „Новости“.

„Тоа ќе трае долго. Колку – исто така не можам да ви кажам, но, мислам, неколку месеци најмалку“, изјави Иванов. Според неговите зборови, невозможна е кардинална промена на системот за безбедност.

Тој исто укажа дека потребно е менување на системот за безбедност не само во Шарм ел Шеик, туку и во Хургада, и во Каиро – „во местата каде летаат руски авиони“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња