Русија се надева дека во Виена ќе се пристапи кон практично усогласување на списокот со терористички организации во Сирија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.
„Очекуваме дека нашите партнери ќе се одзват и дека ќе пристапиме не кон неосновани обвинување – дека некој некого смета за терорист, иако фактички некој е потполно умерен, - туку ќе пристапиме кон практично усогласување на единствен список. И тогаш повеќе нема да се јавуваат прашања за тоа кој врз кого нанесува удари и кој кого поддржува“, изјави Лавров во текот на средбата со министерот за надворешни работи на Ерменија Едвард Налбандијан во Ереван.
„И вториот список, и тој ни треба – тоа е список со политичката опозиција која е подготвена врз платформата, утврдена од Советот за безбедност на ОН во Женевското коминике, да води преговори со владата и да постигне заемна согласност. Во извесен степен пред нашата следна средба имаме мошне прагматична задача – да се договориме за два списока“, додаде рускиот министер.
Втората меѓународна средба за Сирија ќе се одржи во Виена на 14 ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче