Авионот A321 на компанијата „Когалимавиа“ што се урна во Египет беше технички исправен и не може да биде причина за катастрофата, изјави за РИА „Новости“ во вторникот потпретседателот на „Ербас“ за односи со медиумите Стефан Шафрат на меѓународната авио-изложба Dubai Airshow-2015.
„Денеска дознаваме дека авионот бил технички исправен, што значи дека катастрофата не настанала поради авионот, но, се разбира, треба да се почекаат конечните резултати од истрагата“, изјави Шафрат.
Тој додаде дека „Ербас“ засега не располага со информација за тоа каде ќе се врши составување на конструкцијата на А321. Таква одлука, според него, ќе донесат властите на Египет и Русија.
„Ние ќе бидеме отворени за соработка, имаме експерти во Тулуз и Хамбург, но одлуките не ги донесувам ние“, изјави Шафрат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче