Претседателот на Русија Владимир Путин нагласи дека операцијата на Вооружените сили на Русија во Сирија покажа дека борбената готовност на војската е зголемена, пренесува ТАСС.
„Благовременото преземање мерки ја зголеми борбената готовност, борбените можности на нашите Вооружени сили. И тоа убедливо го потврдува антитерористичката операција што ја спроведуваме на барање и молба на сириското раководство“, изјави рускиот лидер на состанокот посветен на проблемите на воената индустрија.
Според зборовите на рускиот претседател, стабилноста во воената индустрија е важна за поддршката на економијата на земјата во целина.
„Многу е важна (сферата на воената индустрија) за развојот на целата економија и за одржување на социјалната стабилност. Со оглед на тоа дека во оваа сфера работат голем број луѓе, високообразовани специјалисти, со членовите на семејствата – тоа се стотици илјади луѓе“, изјави Путин.
Тој наведе дека воените претпријатија работат „ритмично".
„Вооружените сили се пополнуваат со нови стратешки ракетни комплекси, нуклеарни и повеќенаменски подморници и бродови. Се обновуваат борбената авијација, противвоздушните ракетни сили, вооружувањето и техниката на копнените и воено-десантни сили“, рече претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче