Терористите во Сирија ја менуваат тактиката во насока на маневарска (подвижна) одбрана, дејствуваат „помалку дрско“, префрлаат оружје ноќе и под камуфлажа, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.
„Регистрираме суштинска промена на тактиката на дејствување на терористите на целата територија на Сириската Арапска Република. Бандитските формации не дејствуваат толку дрско како што беше случај пред еден месец“, рече Конашенков.
Според неговите зборови, сега терористите се обидуваат да применат маневарска одбрана, редовно преместувајќи се и криејќи се од нападите како на владините сили, така и на руската авијација.
„Постојано се менуваат маршрутите за достава на оружје и муниција. Притоа тоа се прави првенствено ноќно време со сите елементи за камуфлажа“, објасни генералот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче