Контроверзен руски уметник се обиде да го запали влезот на ФСБ на Лубјанка

Приведен контроверзниот руски уметник Петар Павленски по обидот да го запали влезот во зградата на Федералната служба за безбедност.

Сопругата на уметникот Петар Павленски, Оксана Шалигина, изјави за новинарите дека подметнувањето на пожарот е своевиден уметнички израз, пренесува РИА Новости. 

Медиумите пишуваат дека Павленски го полеал главниот влез на ФСБ со бензин, го запалил, а потоа спокојно почекал да биде приведен.

Петар Павленски пред две години веќе преземаше слични акции. Во ноември 2013 година тој ги прикова своите гениталии на плочникот на Црвениот плоштад, а на 23 јули 2012 во знак на протест против апсењето на членките на панк групата Пуси Рајот уметникот си ја заши устата пред Казањската соборна црква.

Членките на групата Пуси Рајот веќе ја поздравија последната акција на Павленски, како и скандалозниот галерист Марат Гељман.

Во описот на видео-снимката  се истакнува дека „запалената врата на Лубјанка е ракавица што општеството ја фрла во лицето на терористичката закана“, пишува „РТ“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња