Египетскиот аеродром Шарм ел Шеик има суштински пропусти во системот за безбедност, пишува „Асошиејтед Прес“, а пренесува РИА „Новости“.
На пример, новинарите дознаа дека рентген-апаратот за проверка на багажот не работел и за недоволната проверка на службениот персоналот при излегување на пистата.
Седуммина вработени на аеродромот, од кои некои работат повеќе од десетина години, раскажаа дека и покрај многубројните жалби во врска со расипаниот скенер, раководството на аеродромот сепак не го заменило.
Еден од вработените кој работи во сферата на авијациската безбедност, исто така се пожали од полицајците кои работат на проверка на патниците: „Дури и не можам да кажам колкупати имам наоѓано чанти полни со дрога и оружје, чии сопственици само за 10 евра поминуваа покрај полицијата.“
Исто така, скенерот за проверка на багажот не работел во зоната за товар – според еден од вработените, го исклучувале за „да се заштеди на струја“. Притоа апарат стабилно работел во текот на проверките на опремата кои биле спроведувани од меѓународни експерти. „Жалам што таквите проверки не се вршат секојдневно“, изјави соговорникот на агенцијата.
Освен тоа, кај египетските безбедносни служби „се смета за непристојно да се претресува пријател или пријатели на пријател“. Ова исто така се однесува и на возачите кои ја доставуваат храната за авионите – обезбедувањето ги знае по лик и понекогаш воопшто не и проверуваат.
Според информациите на агенцијата, по несреќата со рускиот авион А321 била започната проверка на некои вработени во аеродромот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче