Поранешен руски министер пронајден мртов во Вашингтон

Телото на Михаил Лесин, поранешен министер за печат на Русија, беше најдено во четвртокот, 5 ноември, во хотел во Вашингтон,

Телото на Михаил Лесин, поранешен министер за печат на Русија, беше најдено во четвртокот, 5 ноември, во еден хотел во Вашингтон, соопшти американскиот канал „Еј-Би-Си Њуз“ повикувајќи се свои извори.

Полицијата во Вашингтон за РИА „Новости“ потврди дека отворила истрага за причините за смртта на Лесин.

Во петокот претставник на семејството Лесин изјави дека поранешниот министер починал од срцев удар на 58-годишна возраст.

Михаил Лесин беше на чело на „Гаспром-медиа“ од есента 2013 година до декември 2014 година и ја напушти својата позиција поради „семејни причини“.

Од 1999 до 2004 година Лесин раководеше со министерството за печат, телевизиско и радио-емитување и медиуми, по што пет години беше советник на претседателот на Русија. По иницијатива на Лесин во 2005 година беше основана државната телевизија „Русија денес“ (Russia Today (RT), пишува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.