Пентагон: САД го коригираат своето воено присуство во Европа

Промените се реализираат поради тоа што Русија не го одбрала курсот на кој се надевале САД.

САД вршат корекција на своите воени сили во Европа поради несогласувањата со Русија, но не планираат да бидат воено присутни како во времето на студената војна, изјави во петокот министерот за одбрана на САД Ештон Картер на средбата со војниците во здружената база Перл Харбор – Хикам, пренесува РИА „Новости“.

„Ние правиме некаква корекција (на силите) во Европа, признавајќи дека Русија не го одбира курсот кој се надевавме ќе го одбере... Но ние нема да повторно да го создаваме она што беше во времето на студената војна во однос на нашите (воени) можности во Европа, тоа не е она сценарио за активностите што ги преземаат Русите“, изјави Картер.  

Тој повторно ја обвини Русија за водење „хибридна војна“ и употреба на „зелени човечиња“ во Украина и на Крим. Во врска со тоа САД, според него, треба да искористат „нов вид можности“. „Тоа е нов вид на можности, Европејците и НАТО го бараа тоа, и ние ќе ги обезбедиме“, изјави тој.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.