Во Москва денеска се одржа парада по повод 74-годишнината од одржувањето на првата парада во главниот град во Втората светска војна.
Настанот беше одбележан со марш на преку 5500 учесници, вклучувајќи и 21 ветеран кои учествувале во првата парада во 1941 година, пренесува агенцијата „Спутник“.
Вкупно 55 единици од воената техника користена во Втората светска војна – тенкови, оклопни возила, самоодни противтенковски топови – беа прикажани на парадата. Возилата ќе останат изложени на Црвениот плоштад во текот на денот.
Првата парада беше одржана на 7 ноември 1941 година, на 36-та годишнина од Октомвриската револуција. Поголемиот дел од 28500 војници кои учествувале во маршот биле директно испратени на фронтот за одбрана на Москва од германските сили кои тогаш напредувале кон главниот град.
Парадата придонела за зголемување на моралот во Црвената армија – првпат по почетокот на војната луѓето почнале да веруваат дека победата е можна.
Во Русија 7 ноември се слави како Ден на воената чест.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче