Истрага за падот на А321: Црната кутија снимила чуден звук

Сѐ уште е невозможно да се определат причините за падот на А321, соопшти раководителот на меѓународната комисија за истрага Ајман ал Мукадам.

Во последните секунди од снимката на црните кутии на паднатиот руски авион А321 се слуша чуден звук, изјави во саботата раководителот на меѓународната комисија за истрага Ајман ал Мукадам, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, двете „црни кутии“ биле најдени првиот ден од падот, а остатоците од авионот се расфрлани во должина над 12 километри, меѓутоа не успеале да ги најдат сите.

„Сите најдени делови од авионот ќе бидат однесени во Каиро на безбедно место за понатамошно испитување“, изјави тој.

Како што потенцираше шефот на комисијата, остатоците од авионот пронајдени на местото на падот не овозможуваат да се определи карактерот на влијанието и точните причини за катастрофата.

„Авионот се распаднал во воздух и засега не е можно точно да се каже за причините. Остатоците од авионот не ни дадоа јасна слика за настанот“.

Сите верзии за катастрофата на рускиот А321 во Египет во моментов се разгледуваат, прецизираше Ал Мукадам.

„Засега не сме дојдени до конечен заклучок“, потенцираше Ал Мукадам.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.