Претседателот на САД Барак Обама смета дека постои можност во авионот А321 што се урна во Египет да имало експлозивна направа, пренесува РИА „Новости“.
Претходно портпаролот на Белата куќа Џош Ернест соопшти дека САД немаат донесено сопствени заклучоци за причините за падот на рускиот авион А321 во Египет, но не ја исклучуваат верзијата за терористички чин.
„Мислам дека има шанси во авионот да имало бомба“, ги цитира зборовите на американскиот претседател агенцијата „Блумберг“.
Според неговите зборови, САД имаат намера да спроведат сопствена истрага и разузнавањето на земјата „точно ќе објасни што се случува“ пред да биде дадена изјава за причините за трагедијата.
„Не мислам дека веќе ја знаеме (причината)“, додаде американскиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче