Лавров: Обидите за политизација на УНЕСКО со примање на Косово се неприфатливи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј ЛАвров истакна дека обидите на Косово да влезе во состав на УНЕСКО се во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН.

Обидите на Косово да стане земја-членка на УНЕСКО доведуваат до несакана политизација на оваа организација, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Рускиот министер истакна дека обидите на Косово да влезе во состав на УНЕСКО се во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН. Шефот на руската дипломатија исто така ја истакна „посебната“ улога на Русија во решавањето на задачата на оваа организација, пренесува ТАСС.

Во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН се подразбира дека Косово е дел од Србија. Русија, Кина, Аргентина и Куба се против влегувањето на Косово во УНЕСКО.

За да може да стане земја-членка на УНЕСКО, Косово треба да добие две третини од гласовите на оваа организација. Притоа 108 од 195 земји во УНЕСКО официјално ја имаат признаено независноста на Косово. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња