Министрите за надворешни работи на „Нормандиската четворка“ не се сомневаат дека „Минската спогодба“ за решавање на ситуацијата во Украина ќе биде на сила сѐ додека во целост не биде имплементирана, што веројатно ќе се пренесе за догодина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости”.
„Никој не се сомнева дека „Минската спогодба“ ќе биде на сила сѐ додека не биде во целост имплементирана“, изјави Лавров за новинарите по средбата на министрите од „Нормандискиот формат“.
Споре неговите зборови, „самиот факт, како што е потребата од донесување прифатлив украински закон за локалните избори во Донбас, кажува дека по усвојувањето на овој закон ќе бидат потребни 90 дена за подготовка на изборите. Едноставна споредба на овие бројки покажува дека нема да можеме да го реализираме тоа до крајот на годината и дека имплементацијата на „Минск“ се префрла за догодина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче