Кремљ: Карикатурите на „Шарли Ебдо“ се сквернавење

Карикатурите во магазинот „Шарли Ебдо“ за падот на рускиот авион во Египет немаат врска ни со демократијата, ни со себеизразувањето, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Кремљ ги смета за сквернавење карикатурите објавени во францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во врска со несреќата на А321, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

Францускиот сатиричен магазин на своите страници објави две карикатури поврзани со катастрофата на рускиот авион на Синајскиот полуостров во која на 31 октомври загинаа 217 патници и 7 членови на екипажот.

„Кај нас во земјата тоа се нарекува со многу содржаен збор – сквернавење. Тоа нема врска ни со демократијата, ни со себеизразувањето, со ништо – тоа е сквернавење“, изјави Песков, коментирајќи ги карикатурите во францускиот магазин.

Претходно и портпаролката на МНР РФ Марија Захарова објави свој коментар во врска со објавувањето на карикатурите.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња