САД не го сметаат за решено прашањето за присоединувањето на Крим со Русија

САД не го сметаат Крим за дел од Русија и ќе работат на негово враќање во состав на Украина, изјави Евелин Фаркас, бивш заменик-помошничка на министерот за одбрана на САД

САД не го сметаат Крим за дел од територијата на Русија и ќе работат на негово враќање во состав на Украина, изјави во средата поранешната заменик-помошничка на министерот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија Евелин Фаркас. Таа ја напушти својата функција на крајот на минатата недела, пренесува ТАСС.

Одговарајќи на новинарско прашање дали администрацијата на САД го смета присоединувањето на Крим со Русија за „завршена работа“, Фаркас одговори: „Не, не смета“. Според нејзините зборови, меѓународната заедница не го признава присоединувањето и „по тој повод беше донесена резолуцијата на ООН“. „Тој проблем не е решен и САД продолжуваат да вршат притисок врз Русија, пред сѐ, со помош на санкциите“, изјави американскиот експерт.

Русија има големи разногласија по повод статусот на Крим и со сите останати западни земји. Претседателот на САД Барак Обама претходно има изјавено дека САД „никогаш нема да ги признаат“ резултатите од референдумот на полуостровот по кој се случи присоединувањето со Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.