Русија распореди ракетни системи во Сирија

Командантот на Воздушно-космичките сили генерал-полковник Виктор Бондарев изјави дека руските ракетни системи во Сирија се заради одбрана од сите можни закани.

Русија распореди во Сирија ракетни системи за одбивање можен напад врз своите сили во таа земја, како и за заштита од можно грабнување на борбените авиони, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на РФ генерал-полковник Виктор Бондарев .

„Ние ги пресметавме сите можни закани. Таму распоредивме не само ловци, јуришни авиони, бомбардери, хеликоптери, но и ракетни системи. Затоа што може да има разни ситуации поврзани со виша сила“, изјави Бондарев во интервјуто објавено во четвртокот на сајтот на „Комсомолскаја правда“.

Како што објасни генералот, во редот на таквите можни вонредни ситуации се грабнување на авион и напад врз руските сили во Сирија. „И затоа ние треба да бидеме подготвени“, истакна командантот на ВКС РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.