Путин и Камерон разговараа за падот на А321

Претседателот на РФ Владимир Путин потенцираше дека при оценките за причините за катастрофата потребно е да се користат податоците кои ќе се добијат во текот на официјалната истрага.

На иницијатива на британската страна се одржа телефонски разговор меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

„Лидерите разменија мислење за ситуацијата околу падот на рускиот авион на Синајскиот полуостров. Владимир Путин потенцираше дека при оценките за причините за катастрофата потребно е да се користат податоците кои ќе се добијат во текот на официјалната истрага. Беа разгледани и прашања за заедничка борба со меѓународниот тероризам“, соопшти Кремљ.

Претходно британскиот премиер изјави дека во најскоро време ќе му се јави на рускиот претседател за да ја разгледаат ситуацијата со безбедноста на летовите кон Шарм ел Шеик и да објасни зошто Лондон ги забрани сите летови на своите авиокомпании до египетското одморалиште.

„Ние ја разгледуваме (оваа ситуација) со европските колеги и со Американците. Ќе му се јавам на претседателот Путин во најскоро време, за го разгледаме истото со него“, изјави Камерон.

Во врска со забраната за летање на британските авиокомпании за Шарм ел Шеик, Камерон истакна дека британската влада донела таква одлука врз основа на разузнавачки податоци и мислењата на експертите.

„Сето тоа ќе го дискутирам со Путин и ќе му објаснам зошто презедовме такви дејствија. А за тоа, какви дејствија треба да преземе во однос на руските туристи – ќе треба да реши тој“, изјави британскиот премиер.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња