Тој изјави дека задачата на оперативниот штаб е организација на борба против терористичките организации „Исламска држава“ и фронтот „Ан Нусра“, како и пронаоѓање политичко решение за сирискиот конфликт по победата во војната, пренесува агенцијата „Спутник“.
„Ќе разговараме и за гаранциите од страна на Русија за прашањето на заштита од нападите на сириската војска затоа што е малку веројатно примирјето да се случи толку брзо“, рече Ел Афанди и додаде дека за дијалог се подготвени и уште неколку бригади на ССА кои се борат на брегот на Средоземното море како и на јужниот фронт.
Средбата, како што е најавено, ќе биде одржана најверојатно во Абу Даби, и тоа кон крајот на следната недела. Досега присуството на состанокот го потврдиле 28 бригади на ССА.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.