Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето за можно нанесување воздушни удари врз бунтовниците во Ирак, изјави дека немаа пристигнато барање од Ирак, затоа во моментот не постои основа за таква одлука.
„Засега не располагам со информација во врска со тоа, никакво официјално или неофицијално обраќање од ирачките колеги немало. Ние немаме основа за тоа (воздушни удари врз бунтовниците во Ирак)“, рече Песков, пренесува РИА „Новости“.
Претходно заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов изјави дека Ирак засега се нема обратено до Русија за воена помош каква што добива Сирија. Во случај на добивање барање во официјална писмена форма, тоа ќе биде разгледано на соодветен начин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче