Во Русија се слави Денот на народното единство

Околу 85 илјади луѓе учествуваат во маршот „Ние сме единствени!“ во центарот на Москва на Денот на народното единство, соопшти Главната управа на МВР во Москва.

Околу 85 илјади луѓе учествуваат во маршот „Ние сме единствени!“ во центарот на Москва на Денот на народното единство, соопшти Главната управа на МВР во Москва, а пренесува „РТ“.  

Акцијата организирана од Граѓанската комора на Русија започна во Москва со масовен марш по кој ќе следуваат митинг и концерт.

Во маршот учествуваат претставници на традиционалните верски заедници во Русија, како и активисти на Московската федерација на синдикати, разни политички партии и граѓански организации. 

На 4 ноември 1612 година народните востаници под водство на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски ја ослободиле Москва од полските освојувачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.