САД планираат да ги зголемат трошоците за пропагандна активност против Русија, изјави заменикот на помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Бенџамин Зиф на сослушувањето во сенатскиот комитет за меѓународни работи на САД, пренесува РИА „Новости“.
Во фискалната 2016 година средствата за „поддршка на граѓанското општество и независните медиуми во Евроазија и Југоисточна Европа“, каде спаѓа и Русија, треба да се зголемат за 26% и да достигнат 83 милиони долари.
Зиф истакна дека претседателот на САД Барак Обама ја побарал оваа буџетска ставка.
Според мислењето на претставникот на Стејт департментот, гласањето за овие расходи ќе обезбеди зачувување на тековниот светски поредок. Тој исто така е убеден дека најдобар начин да се влијае врз руската публика е телевизијата, меѓутоа Американците ќе мораат да работат преку социјалните мрежи и интернетот.
Според него, спротивставувањето на Русија во информациско-пропагандната сфера е „задача не само за во блиска иднина, туку и во среднорочна и долгорочна перспектива“.
Зиф исто така додаде дека од јануари 2016 година Белата куќа има намера да ги продолжи санкциите против Русија „доколку „Минската спогодба“ не биде реализирана“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче