Путин потенцирапе дека празникот, кој првпат почна да се одбележува пред десет години, ја демонстрира „одговорноста за судбината на родната земја“. „Чувството за почит, гордост и љубов кон родната држава претставува најцврста основа“, потенцираше претседателот, пишува „Взгљад“.
Путин исто така потенцираше дека низ целата историја на земјата е проткаена верноста на народот кон својата татковина.
„И денеска го празнуваме тој ден, навраќајќи се кон длабочината на својата историја“, додаде претседателот. Тој изјави дека „народот самиот се спротивставил на расколот и предавството со протерување на самозванците и со тоа си ја решил судбината на земјата. Тој подвиг останува како пример за вистински патриотизам, тоа е светиот подвиг на народот“, рече Путин.
Претседателот исто така нагласи дека Русија е секогаш приврзана на „правата на човекот, слободата и демократијата“.
Претходно на Денот на народното единство Путин положи цвеќе на споменикот на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски на Црвениот плоштад по што разговараше со претставниците на верските заедници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче