Можностите за давање меѓународна поддршка на сирискиот процес врз основа на општ национален дијалог беа телефонски дискутирани во средата меѓу министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери. Како што соопшти МНР РФ, разговорот се одржал на американска иницијатива, пренесува ТАСС.
„За исполнување на договорот, постигнат на 30 октомври во Виена на мултилатералната средба за решавање на конфликтот во Сирија, министерот и државниот секретар продолжија да ги разгледуваат можностите за меѓународна поддршка на сирискиот процес, вклучувајќи поддршка за формирање на обединета делегација на опозицијата во интерес на најскоро воспоставување општонационален политички дијалог и консолидација на позициите во борбата против тероризмот“, истакнаа од рускиот дипломатски ресор.
Договорено е да се промовираат овие пристапи во рамките на следната средба на „надворешните фактори“ во „Виенски формат“, потенцира МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче