Авион со руски екипаж се урна во Јужен Судан

Властите на Јужен Судан потврдија дека се урнал товарен авион „Антонов“ со руски екипаж.

Кабинетот на претседателот на Јужен Судан потврди дека се урнал товарен авион „Антонов“ со 20 луѓе во него, од кои двајца го преживеале падот, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на агенцијата „Ројтерс“.

Претходно изданието South Sudan Tribune напиша дека товарен авион Ан-12 со петмина членови на екипажот од РФ и седум патници се урнал по полетувањето од аеродромот во главниот град на Јужен Судан – Џуба. Според информациите на агенцијата „Ројтерс“, која се повикува на изјави на очевидци, задниот дел и други делови од авионот се расфрлани по должината на брегот на реката Бел Нил.

„Се претпоставува дека во авионот имало 20 луѓе, двајца преживеале, останатите, веројатно, загинале“, пренесува агенцијата.

Според податоците на кабинетот на претседателот на Јужен Судан Атени Век Атени, во авионот веројатно имало од 10 до 15 патници и екипажот. Се соопштува дека преживеале еден член на екипажот и едно дете.

Според очевидците, на местото на падот на авионот се наоѓаат „над 40 тела“, пишува агенцијата. Извор во полицијата соопшти за 41 загинат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња