Останувањето на Башар Асад на власт во Сирија не е за Руската Федерација принципиелно прашање, но смена на режимот во оваа земја би предизвикала катастрофа не само од регионални, туку и од глобални размери, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.
„Никогаш не сме рекле дека за Руската Федерација останувањето на Асад на власт е принципиелно важен. Ние само велиме дека смена на режимот во Сирија би можела да предизвика катастрофа не само од локален или регионален карактер, туку, ако го земеме предвид проблемот со бегалците што сега вее постои, тоа може да стане голема црна дупка“, изјави Захарова.
Таа додаде дека „за судбината на претседателот на земјата треба да реши сирискиот народ“. „Ние не зборуваме за тоа дали Асад треба да си замине или да остане“, рече Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче