Столтенберг: Вежбите на НАТО во Југоисточна Европа се предупредување за Русија

НАТО е подготвено за брзо распоредување копнени, воздушни или поморски сили доколку е потребно, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг во интервју за шпанскиот весник „АБЦ“ изјави дека воените вежби Trident Juncture се реализираат на југот на Франција како предупредување за сите потенцијални непријатели на НАТО, вклучувајќи ја и Русија, пренесува „Спутник“.

Активната фаза на вежбите почна во Шпанија, Португалија и Италија на 21 октомври и ќе трае до 6 ноември. Во вежбите учествуваат вкупно 36000 војници од 30 земји, вклучувајќи и земји што не се членки на Алијансата, како Австрија и Шведска, како и 140 авиони и 90 бродови и подморници.

Според Столтенберг, вежбите се јасен сигнал дека НАТО е подготвен да ја брани алијансата против секаква закана. НАТО во моментов се адаптира на новата реалност карактеризирана со нестабилност и насилство на Блискиот Исток и Северна Африка, додаде Столтенберг.

Тој исто така додаде дека НАТО ги зголемува своите способности за да одговори на разни кризни ситуации и ја крева подготвеноста на своите сили за брзо распоредување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.