Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека главната цел на РФ, вклучувајќи ја и Сирија, е борбата со тероризмот, а никој нема да успее да ја исплаши Русија, тоа е безнадежна работа. Ваков став искажа шефот на руската држава на средбата со претставниците на научните, културните, верските и општествените организации на Дагестан во текот на изложбата посветена на 2000-годишнината на градот Дербент, пренесува ТАСС.
„По повод тоа, дека некој може да нѐ уплаши, потполно се согласувам со вас: рускиот народ во целина, а особено Дагестан, никој никогаш не успеал да го исплаши, и тоа е апсолутно залуден обид, како што велат адвокатите – „безнадежна работа“. А нашата цел навистина, и во Сирија, и било каде, е пред сѐ, борбата со тероризмот“.
Путин потенцираше дека РФ активно работи на соработка со сите сили во борбата против тероризмот, независно од нивната верска припадност. „Ние сме подготвени да соработуваме со сите сили кои се борат со тероризмот, независно од верската припадност. И ние работиме на тоа, сакам да ве информирам, мошне интензивно“, изјави рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче