Пентагон го потврди заедничкиот американско-руски тренинг во Сирија, соопшти агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на извор во американското министерство за одбрана.
Според неговите зборови, се работи за „тестирање на комуникациите“ во кое три минути учествувале еден американски и еден руски авион. Целта била проверка на протоколите за безбедност за кои се договорија Русија и САД. Авионите се доближиле на меѓусебно растојание од 5 милји во воздушниот простор на Сирија, додаде тој.
Претходно во вторникот за тренингот информираше началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ генерал-полковник Андреј Картаполов. Според него, тренингот на ВВС Русија и САД се однесувал на активности на екипажите и службите на земја во случаи на опасно доближување на авионите. Биле одработени прашања за предупредување, организација и соработка, размена на информации меѓу штабовите на оперативните групи и командните места на ВВС Русија во авиобазата „хмејмим“ и центарот за стратешки воздушни операции на САД во Катар, како и заемно информирање за опасна воена активност во воздушниот простор на Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче