Оланд го покани Путин на климатската конференција на ООН во Париз

Франсоа Оланд изјави дека лично го поканил претседателот на Русија, затоа што „по прашањето за климата сите треба да бидеме единствени“.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд го покани шефот на руската држава Владимир Путин да учествува на климатската конференција на ООН што ќе се одржи во Париз од 30 ноември до 11 декември.  

„Лично го поканив Владимир Путин. Затоа што ние можеме да имаме разногласие во пристапот по низа теми, но по прашањето за климата сите треба да бидеме единствени, затоа што овие прашања се однесуваат на целото човештво“, изјави Оланд во програмата за радиостаницата „Европа 1“,а пренесува РИА „Новости“.

Претходно портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин планира да земе учество на конференцијата за климатските промени во Франција, соопшти дека Русија ќе биде претставена на потребното ниво.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња