Медиуми: Американски сателит снимил термален блесок при падот на А321 на Синај

Американската телевизија „Си-Би-Ес Њуз“ наброја низа причини поради кои вселенското летало можело да регистрира промена на температурата, но смета дека податоците сѐ уште се анализираат и дека е рано за изведување заклучоци.

Сателит на САД регистрирал термален блесок над Синај во моментот на паѓањето на авионот Ербас А321, што зборува за можна експлозија во резервоарот за гориво или детонација на бомба, соопшти американската телевизија „Си-Би-Ес Њуз“ повикувајќи се на свој кореспондент.

„Инфрацрвен сателит а САД регистрирал топлински блесок над Синај во моментот на  паѓањето на рускиот авион. Податоците сѐ уште се анализираат со цел да се определи што точно го предизвикало блесокот. Една од причините може да биде бомба, но можна е и експлозија во резервоарот за гориво или моторот како резултат на механички ефект“, соопштува телевизијата повикувајќи се на својот специјален кореспондент за безбедност Дејвид Мартин.

Претходно, коментирајќи ги можните причини за катастрофата, заменик-директорот на авикомпанијата „Когалимавиа“ за организација на летовите Александар Смирнов изјави за новинарите дека исклучува техничка неисправност на авионот или грешка на пилотите. Според неговата верзија, единствена причина за несреќата може да биде надворешно влијание врз авионот од земја.  

Сепак, официјалните руски власти изјавуваат дека е прерано да се носат заклучоци за катастрофата. Првиот човек на „Росавијација“ Александар Нерадко изјави дека претпоставката на менаџментот на авиокомпанијата „не е заснована на реални факти“ Тој исто така ги замоли експертите да не шпекулираат на оваа тема. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња