Медицински експерт: Повредите кај загинатите укажуваат на можна експлозија на А321

Големиот број делови на тела кажува дека можело да има експлозија пред судирот со земја, смета египетски медицински експерт кој учествува во истрагата.

Природата на повредите на телата на патниците од урнатиот Е321 на руската авиокомпанија „Когалимавиа“ може да укажува дека пред судирот со земјата во авионот настанала експлозија, изјави за агенцијата „Спутник“ египетски медицински експерт кој учествува во истрагата, пренесува РИА „Новости“.  

„Големиот број одделни делови од телата може да укажува на тоа дека настанала силна експлозија во авионот уште пред да падне на земјата“, изјави соговорникот за агенцијата.

Според зборовите на експертот, имајќи ја предвид состојбата на повеќето тела, за идентификација на загинатите ќе иде потребна ДНК анализа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.