Претседателот на Русија Владимир Путин ја нарече голема несреќа авионската катастрофа на рускиот авион на Синајскиот полуостров. Ова, како што пренесува „Рамблер.ру“, Путин го изјавил на средбата со министерот за транспорт на РФ Максим Соколов кој е на чело на владината комисија за истражување на причините за несреќата.
„Во такви трагедии, во такви моменти, безусловно, многу е важно да се чувствува поддршката од блиските, сочувството на целата земја по повод оваа ужасна катастрофа. Ние сме и со срцето, и со душата заедно со вас“, изјави шефот на руската држава.
„Сакам уште еднаш да им изразам сочувство на блиските, роднините на загинатите“, изјави тој, додавајќи дека наредил што е можно побрзо да се решат прашањата за помош на семејствата на загинатите во авионската несреќа во Египет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче