Операцијата за пребарување на местото на падот на А321 ќе заврши вечерва

Работите на местото на авионската несреќа во Египет ќе траат до 22 часот според локално време.

Првиот човек на Министерството за вонредни ситуации Владимир Пучков соопшти дека операцијата за пребарување и спасување на местото на падот на рускиот авион А-321 се планира да заврши во понеделник навечер, пренесува „Интерфакс“.

„Денеска до 22 часот по локално време планираме да ја завршиме операцијата за пребарување и спасување во зоната на несреќата. А специјалистите на техничките служби на Меѓудржавниот авијациски комитет ќе ја продолжат работата според планот за реализација на сите процедури“, изјави Пучков во понеделникот во текот на состанокот на оперативниот штаб.

Претходно беше соопштено дека првиот авион со телата на загинатите од падот на A321 слетал во Петербург. Вториот авион со жртвите во катастрофата ќе полета од Каиро во понеделник навечер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња