Захарова: Со нас тагува целиот свет

Ширум светот луѓето оставаат цвеќе пред руските амбасади и други руски установи во странство. Добиваме писма и коментари на различни јазици, напиша портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својот Фејбук профил.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека од цел свет добиваат изрази на сочувство по повод авионската несреќа во Египет во која загинаа 224 лица.

„По дипломатски канали добиваме огромен број телеграми и телефонски повици од странство со изрази на сочувство. Пекинг и Виена, Вашингтон и Ереван, Атина и Тбилиси, Анкара и Белград... Списокот е бесконечен”, напиша портпаролката на МНР РФ Марија Захарова на својт Фејсбук профил.

Таа додаде дека претставници на странски држави објавуваат изрази на сочувство на социјалните мрежи.  

„ Ширум светот луѓето оставаат цвеќе пред руските амбасади и други руски установи во странство. Добиваме писма и коментари на различни јазици”, напиша Захарова и им се заблагодари на сите кои во овој тежок момент мислат на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.