Вчерашната трагедија однесе 224 животи. Се работи за најголемата несреќа во историјата на руското цивилно воздухопловство. Во Русија е прогласен ден на жалост. Во целата земја знамињата се спуштени на половина копје. Одложени се сите манифестации од забавен карактер.
Во Санкт Петербург пред влезот на аеродромот Пулково граѓаните оставаат рози, каранфили и плишени играчки. Меѓу загинатите има и цели семејства. Судејќи според датумите на раѓање во списокот на настраданите, во авионот се нашле три генерации од исто семејство, пренесува „Прв канал“.
Патничкиот авион на компанијата „Когалимавиа”, кој леташе од Шарм ел Шеик во Египет за Санкт Петербург се урна 23 минути по полетувањето. Преживеани нема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче