Објавено видео од местото на падот на А321

Спасувачката мисија на руското Министерство за вонредни состојби објави снимка од местото на падот на Ербас А321 на Синајскиот полуостров во Египет.

Спасувачката мисија на руското Министерство за вонредни состојби објави видео-снимка од местото на падот на Ербас А321 на Синајскиот полуостров во Египет, пренесува „РТ“.

Директорот на Меѓудржавниот авијациски комитет на Русија Виктор Сороченко изјави дека е рано да се изнесуваат заклучоци за падот на рускиот патнички авион „Ербас А3211“.

„Според првите информации од местото не е можно да се исклучи ниту една верзија за падот на авионот. Истрагата и понатаму трае“, рече Сороченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.